Трагедија: Пронајдено мртво младото момче кое избега од болница во Демир Хисар

Пациентот кој избега од болницата во Демир Хисар е пронајден мртов кај селото Вардино, битолско. Ова за Тера го потврди портпаролката на СВР Битола, Магдалена Димитровска.

Полицијата во моментот е на местото каде што е пронајдено телото на дваесет и петгодишниот Тони Карачовски и врши увид.

За потсетување, пoлицијата трагаше по Карачовски 10 дена откако избега од болницата, каде што престојувал од 8 ноември минатата година. Обдукцијата ќе покаже како настапила смртта.

 

 

Оцени ја веста

17.03.2015 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега