Голем инцидент во Општина Центар - генералниот секретар на ЛДП претепал вработени во општината

Двајца вработени во Општината Центар пријавиле дека биле физички нападнати од страна на генералниот секретар на ЛДП Дуфе Куковски, дознава ПРЕСС24 од полициски извори. Според се уште неофицијалните информации Куковски со клоци и тупаници го нападнал 65-годишниот В.Д. заканувајки му се и упатувајќи му навредливи зборови на сметка на Андреј Жерновски.

Од МВР ја потврдуваат информацијата дека добиле ваква пријава.

Екипа на Пресс24 е на терен.

Инаку Дуфе е актуелен пратеник на ЛДП во македонското Собрание.

 

 

 

Оцени ја веста

17.03.2015 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега