Пешак синоќа тешко повреден на улиците во Скопје

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје се случиле осум сообраќајни незгоди од кои шест се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач, еден сопатник и еден пешак.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 33 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 12 возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, 14 возачи кои непрописно се престроиле пред крстосница, како и седум возачи кои поминале на црвено светло на семафор. Исто така, при контролите утврдени се неисправности кај четири возила од кои две се исклучени од сообраќај.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 47 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

 

 

Оцени ја веста

18.03.2015 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега