Расте бројот на косовски азиланти во Германија

Расте бројот на косовски државјани кои бараат азил во Германија. Според статистиката на Федералната канцеарија за миграција и бегалци во февруари евиденирани се  7.728 Косовци кои аплицирале за азил, што е двојно поголема бројка од онаа во месец јануари годинава, кога имало 3.630 апликанти. Во декември лани за азил во Германија аплицирале 1956 Косовци, пренесува МИА.

Раст забележува и бројот на азиланти од Албанија: Во декември за азил аплицирале 940, во јануари 1648, а во февруари 1.794 албански државјани.

Во текот на месец февруари во Германија за азил аплицирале вкупно 26.083 лица  што е за 132,5 отсто повеќе споредено со истиот месец лани, кога биле регистрирани 14.863 азиланти. 

 

 

Оцени ја веста

18.03.2015 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега