Тешка кражба во Струга - украдени сто телефони

Непознат сторител извршил тешка кражба во продавницата за продажба и сервисирање на мобилни телефони „Дени мобил“ во Струга. Според податоците од СВР Охрид кражбата била извршена завчера  со кршење на стаклото од влезната врата, а сторителот одзел мобилни телефони и лап-топ компјутер.
 
Одземени биле сто мобилни телефони од различни марки донесени на поправка како и нови два мобилни телефони марка „Ајфон-5-С“, три мобилни телефони марка „Ајфон-4-С“, еден мобилен телефон марка „ЛГ-Ф-50“, еден мобилен телефон марка „Сони Ериксон-СТ-26“ и еден лап-топ марка „Ацер“.
 
Полицијата трага по крадецот.
 

 

Оцени ја веста

18.03.2015 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега