Тело во фаза на распаѓање пронајдено во струшко

Трагедија ја потресе Македонија. Безживотно тело на човек било пронајдено вчера околу 17 часот во непосредна близина на струшкото село Драслајца, во месноста викана „Дупки“ покрај реката Сатеска.
 
- Увидот беше извршен во присуство на јавен обвинител и полициски екипи од струшката полиција и СВР Охрид. По наредба на јавен обвинител, безживотното тело е испратено на обдукција  во Судска медицина во Скопје со цел да се утврди идентитетот, информира портпарлот на СВР Охрид Стефан Димоски, пренесува МИА.
 
Телото во фаза на распаѓање го забележал случаен минувач кој веднаш повикал полиција.
 

 

Оцени ја веста

18.03.2015 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега