Шеснаесет години Скопје е една од привилегираните метрополи во светот што имаат свој Виенски Бал

Оваа сабота, ќе се танцува на валцери, ќе се пеат евергрини и хит рефрени на традиционалната културно-уметничка манифестација „Виенски бал 2015“.  

 На 21-ви март, во Хотелот „Александар Палас“, по 16ти пат ќе се одржи Виенскиот Бал во Скопје, во организација на Здружението за културна соработка „Јохан Штраус” а под покровителство на  амбасадата на Република Австрија во Македонија.

 Присутните на „Виенски бал“ ќе уживаат во настапите на стотина врвни уметници:

 Оркестарот Јохан Штраус - триесет професионални музичари, инструменталисти ќе музицираат под диригенство на маестро Саша Николовски - Ѓумар.

 Грациозните танчери на Танцовиот клуб Прима Данца ќе ја забавуваат публиката со атрактивни танцови точки.

 Гостите ќе имаат можност да уживаат во настапот на маестралниот Џон Илија Апелгрен.

 За добрата атмосфера ќе се погрижи и инспиративниот Петар Ренџов, како и Свингерси Бенд.

 Ќе настапат и првенците на Балетот при МОБ - Марија Кичевска и Бобан Ковачевски.

 Водителка на манифестацијата ќе биде Јована Стојменовиќ.

 Организаторот информира дека е останат мал број влезници за авангардната манифестација, а истите се достапни за заинтересираните во хотелот „Александар Палас“, секој ден од 12 до 17 часот.

 Како и секоја година, дрес-кодот на Балот е задолжителен: долги тоалети за дамите и смокинг или темен костум за господата.

 Музика, танц, забава!  Да го прославиме доаѓањето на пролетта на Виенскиот бал!

 

 

Оцени ја веста

18.03.2015 - 14:20
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега