Општина Гази Баба додели нови 112 решенија за легализација

Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски, додели нови 112 решенија за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти на физички и правни лица.

Општина Гази Баба воведе повеќе технички мерки за подобрување на динамиката на решавање на предметите, преку тимовите формирани да постапуваат по барањата за легализација, кои се составени од вработени во општината и дополнително ангажирани волонтери.

Досега се решени околу 5.200 предмети од околу 16.000 поднесени барања за легализација од страна на граѓаните.

 

 

Оцени ја веста

18.03.2015 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега