"Лежеше на бетонот во локви крв" - детенце се скарало со мајка си па скокнало од седми спрат

Трагедија вчера го потресе Нови Сад кога 14-годишно момче скокна од седми спрат и се самоуби по кавга со мајка си. Според неофицијалните податоците на српскиот Курир, тинејџерот А.В. се скарал со неговата мајка, излегол на тераса и скокнал. 

- Слушнав јак звук како да се крши нешто. Погледнав низ прозорецот и го видов малиот како лежи на бетонот. Потоа видов како истрча жена од влезот и клекна крај телото. Почна да вришти и плаче на цел глас...беше ужасно за гледање, вели сосед кој бил сведок на грозоморниот настан.

Соседите додаваат и дека детето било примерно и имало супер однос со мајка си. Често заедно го шетале кучето низ маалото. Никогаш не ги виделе лути, нкогаш не се расправале.

Инаку, детето било осмо одделене во училиштето Иво Лола Рибар. 

Засега не е познат мотивот поради кој детенцето си го одзело животот.

 

 

Оцени ја веста

20.03.2015 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега