"Што ќе правиме без тебе, толку те сакавме а повеќе те нема"

Соучениците и другарчиња на 14-годишниот А.В. од Нови Сад кој синоќа скокна од прозорец откако се скарал со мајка си, при што за жал почина на лице место, не можат да се помират со големата загуба. Фејсбук профилот на младото момче е препол со пораки за збогум кои неговите другари ги пишуваат со голема болка и тага.

- Мили, како што те нарекував, не требаше да го направиш тоа. Знаеш колку сите те сакавме,а сега повеќе те нема...нема никогаш да се вратиш, е една од трогателните пораки оставени на социјалната мрежа.

И директорот на Иво Лола Рибар, основното училиште во Нови Сад каде учел тинејџерот, вели дека ова е голема загуба и ниту учениците ниту професорите не можат да се  помират и се во шок.

- Многу ми е тешко, три години му предавав Физика додека не станав директор, беше прекрасно дете...сфатете ме не можам повеќе да зборувам ова е многу тешко, вели тој за Курир.рс.

За потсетување, момчето се скарало со мајка си и скокнало од седми спрат од зградата каде живеат. Соседит велат дека семејството е мирно, постојано биле заедно и немало караници, па затоа и случката многу ги шокирала.

 

 

 

Оцени ја веста

20.03.2015 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега