Албанската полиција придведе 81 емигрант

Полицијата во северниот албански град Скадар приведе 81 емигрант од Сирија, Мали, Гана и Хаити.

Илегалците патувале со камион во сопственост на албански државјанин а биле откриени во близина на граничниот премин Хан Хоти, на албанско-црногорската граница, при обид илегално да влезат на црногорска територија.

На албанска територија, што ја користеле само како транзит, емигрантите влегле од Грција, а целта им била патот да го продолжат за некоја западноевропска земја.

Емигрантите се очекува да бидат вратени во  нивните матични земји.

Чести се случаите на откривање и приведување групи илегални емигранти на албанска територија. Притоа не е мал бројот на тие што бараат азил во Албанија.

Лани албанската полиција приведе над две илјади емигранти, главно од Сирија, Еритреа и Мароко. Од почетокот на годинава приведени се над 300 илегални емигранти.

 

 

Оцени ја веста

21.03.2015 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега