Воз удри во автомобил во Тетово - повредени три лица

Вчера околу 20 часот кај фабриката „Тетекс“ во Тетово воз удрил во автомобил во кој имало три лица, таксист и мајка со детенце.

Патничкиот воз што сообраќа на релација Скопје-Кичево удрил во такси возило управувано од страна на 54-годишниот Р.Ц. од Скопје.

Повредените во несреќата се пресени во скопскиот Клинички центар.

Полицијата ја истражува причината за несреќата.

најчитано сега