Вардар четвртфиналист, познати двајца од можните противници

Македонскиот вицепрвак Вардар втора сезона по ред Вардар обезбеди место во ТОП 8, откако синоќа во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите убедливо го совлада полскиот вицепрвак Висла со 31:20 и не само што ја анулира негативата од шест гола од првиот дуел, туку речиси беше двојно поуспешен.
 
Дека „црвено-црните“ се решени комплетно да му се реваншираат на полскиот тим покажаа уште во првите 30 минути кои ги добија со 14:10. На почетокот на второто полувреме Алекс Душебаев постигна пет од шесте гола на Вардар, а по 20:11 во 40.минута веќе се најавуваше голема радост во СЦ „Јане Сандански".
 
Во 49. минута вардарци првпат имаа плус десет (24-14), највисокото водство изнесуваше 12 голови (31:19), а до крајот Висла постигна еден гол за конечни 31:20.
 
Најефикасни во победничкиот состав беа Алекс Душебаев со 9 погодоциСергеј Горбок 8, Игор Карачиќ имаше 6 реализации. На голот Арпад Штербик запиша 12 одбрани.
 
За пласман на „фајнл-фор“ два од четирите потенцијални противници на Вардар се Киелце и Веспрем, а речиси извесно е дека другите две екипи ќе бидат Барселона и Кил.
 
Жрепката е во вторник во Виена.
 

 

Оцени ја веста

22.03.2015 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега