Дачиќ: Србија е воено неутрална и ниту чекор поблиску кон НАТО

Србија е воено неутрална држава и не е поблиску ниту еден чекор кон членство во НАТО, изјави денеска заменикот премиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, јави Танјуг. 

- Србија е воено неутрална и нема намера да стане членка на НАТО, но постојат заендички интереси за градење мир во регионот во соработка со НАТО, изјави Дачиќ за ТВ Пинк, коментирајќи го Индивидуалниот план за партнерство меѓу Србија и НАТО. 

Според Дачиќ планот претставува највисоко ниво на соработка со НАТО на една држава што не е членка на Алијансата и дека таков договор со НАТО се потпишува на две години. 

- Не треба да се прави спектакл околу тоа, бидејќи не сме ниту чекор поблиску кон членство во НАТО, истакна Дачиќ, додавајќи дека тоа не значи никаква промена на ставот на Србија за воена неутралност. 

Дачиќ истакна дека цел на Србија е да гради партнерски односи со сите, нагласувајќи дека земјата има ист статус на набљудувач и во Организацијата за колективна безбеднсот и соработка, предводена од Русија. 

Соработката на Србија со двете страни не ја загрозува нашата неутралност, изјави Дачиќ, додавајќи дека земјата спроведува воени вежби и со двете страни.

 

 

Оцени ја веста

22.03.2015 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега