Грција има пари само за уште две недели

Експертите на Европската комисија ја потврдија „критичната состојба“ на грчката каса во која има доволно пари за да се исплатат платите и пензиите до 8 април, објави германскиот весник Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung (FAS).

Ако Атина до тој датум не успее да понуди план за одржливи реформи, Комисијата претпоставува дека владата на Алексис Ципрас ќе мора да посегне по фондовите за социјално осигурување и сметките на претпријатијата кои се во државна сопственост, со цел да продолжи да исплаќа плати.

Премиерот Ципрас во петокот се обиде да ги убеди кредиторите и европски партнери дека „следните денови“ ќе достави проширени предлог-реформи во надеж дека тие ќе ја отклучат последната транша од помошта во висина од 7,2 милијарди евра.

 

 

Оцени ја веста

23.03.2015 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега