Познат адвокат убиен во својата канцеларија - повеќемина повредени во пукање во Хрватска

Познат адвокат е убиен во престрелка која утрово околу 8:30 часот се случила во адвокатска канцеларија во Осјек, Хрватска. Според информациите кои ги објавуваат локалните медиуми, покрај адвокатот убиено е и уште едно лице.
Хрватските медиуми пишуваат дека станува збор за познатиот адвокат Влатко Видаковиќ а идентитетот на другото лице не се соопштува. Неофицијално, повредени се уште неколку лица.
Очевидци за хрватските медиуми велат дека напаѓачите дошле со автомобил, почнале да пукаат по што побегнале.
Сведоците велат дека приправничката на Видаковиќ успеала да побегне.
Влатко Видаковиќ на хрватската јавност и е познат како судија од телевизискиот серијал Судница кој се емитуваше на хрватската РТЛ.

 

 

 

 

Оцени ја веста

23.03.2015 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега