Ги испразнил: Голем грабеж во кладилница во Чаир

Разбојништвото се случило вчера околу 16 часот во уплатното место на ланецот обложувалници "Златна Копачка" кое се наоѓа на улицата Лазо Трповски во населбата Чаир.  

Маскираниот разбојник чекал внатре да останат само вработените за да може полесно да ги ограби. Во првиот момент кога му се укажала можноста тој влегол внатре и со вперен пиштол им наредил на вработените да ја отворат касата заканувајќи им се дека е подготвен да пука ви нив ако се обидат да бараат помош.  Тие ги ставиле парите од прометот, 274 илјади денари, во кеса и му ја дале а разбојникот пак истрчал надвор и побегнал.

Од скопската полиција соопштија дека нивни екипи набрзо дошле на местото и ги пребарале околните улици но разбојникот веќе бил далеку.  Оттаму додаваат дена нивна екипа извршила увид во ограбената обложувалница и додаваат дека засега немаат осомничени лица за грабежот. 

 

 

Оцени ја веста

23.03.2015 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега