ВИДЕО: Среде Албанија: Српскиот голман го фрли знамето на голема Албанија

Голманот на Аполонија Вилсон Цаковиќ го одзема знамето кое ја величи таканаречената голема Албанија од еден навивач кој влета на теренот.

Се се случило во 23. минута од натпреварот, кога е досуден пенал за Тирана, а еден играч на гостите се подготвувал да го изведе пеналот. Еден албански навивач влетал на теренот со знаме на кое пишувало: Нема Албанија без Косово и Чемерија. Чемерија е топоним кој го користат Албанците за северниот дел на Грција

Тој со знамето го провоцирал српскиот голман и го мафтал пред него. Цаковиќ му го одзел знамето од рака и го фрлил. Обезбедувањето реагирало и го изнело навивачот, кој при излегувањето му пришол на Цаковиќ и му се заканувал.

На српскиот голман му замерија играчите на двата тима. Цаковиќ примил гол , а потоа тренерот го извадил од игра.

 

 

 

Оцени ја веста

23.03.2015 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега