Ципрас на средбата со Меркел вети силни реформи во Грција

Германската канцеларка Ангела Меркел по денешната средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Берлин изјави дека не е постигнато никакво трајно решение за финансиската криза во Грција, бидејќи тоа е задача на еврозоната.

Ципрас посочи дека причините за проблемите Грција не смее да ги бара во странатство туку дома. 

Ципрас најави силни реформи но спомена само битката против даночната евазија. Тој демантираше дека во Берлин дошол по пари.

- Моја работа не е да барам пари за идната плата во Грција, тоа не е институционална обвдска на евроинституциите.

Меркел одби да коментира дали Ципрас ја уверил во реформите. Според неа за мерките треба да одлучуваат министрите за финансии на еврозоната.

Двајцата соговорници признаа дека имало жестока дебата и не открија детали за начинот на кој Атина ќе ти спроведе реформите.

За Ципрас проблемите со ликвидноста на земјата се со среден рок и се добро познати.

Грчкиот премиер коментирајќи ја сликата објавена во германскиот весник „Шпигел“, на која Меркел е прикажана со нацистички офицери пред Акропол, истакна оти Меркел не е виновна за тоа што го сториле нацистите.

 

 

Оцени ја веста

23.03.2015 - 21:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега