Вечерва: Прегазил мајка и дете на пешачки премин во Нови Пазар

Во сообраќајна несреќа која се случила денес околу 18 часот, повредена е жена во моментот кога со двете малолетни деца преминувале улица на пешачки премин на улицата Максим Горки во Нови Пазар, Србија.

Мајката со двете деца на пешачкиот премин била удрена од мотоциклист кој се движел по улицата.

Мотоциклистот доцна забележал дека ќе жената со децата ја преминува улицата. Се обидел да запре но паднал од моторот и  удрил во жената.

- Жената  на возраст од околу 35 години има повреди на колкот, рачниот зглоб, и подлактицата и е пренесена во Ургентниот центар. Шест годишното дете има повреди на главата и скочниот зглоб, додека девојчето за среќа не е повредено, велат од Брзата Помош во Нови Пазар.

Според очевидците, мотоциклистот по сообраќајката останал покрај повредените и пробал да им укаже помош. 

 

 

 

 

Оцени ја веста

23.03.2015 - 21:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега