Делчевчанецот Богдан го снајде тешка судбина - волк му го задавил стадото овци

Во село Полето, недалеку од Делчево волк нападнал и задавил стадо овци, кои биле сопственост на сточарот Богдан Начевски, пренесува МИА.

Убиени се 45 грла, од кои 15 овци и 30 јагниња, со што е унуштено скоро половина од стадото на Богдановски.

Случајот е пријавен кај надлежните служби, а увид на самото место извршиле и стручни лица од Ветеринарната станица „Дел-вет“ од Делчево.

- Не бевме во состојба ниту јас, ниту зет ми Кире, кој притекна на помош да го заштитиме стадото од крвожедниот волк. Нашето семејство егзистенцијата ја обазбедува од овчарство и затоа замолуваме за помош, вели Богдан Начевски.

Нападот од волци на стадото на Богдан Начевски во Полето, не е единствен, такви случаи во Делчевско се забележани и во други места, но по бројот на угинатите животни тој е најголем.

 

 

Оцени ја веста

24.03.2015 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега