Грција до понеделник ќе претстави листа со реформи

Грција до понеделник на своите партнери од еврозоната ќе им испрати листа со економски реформи, изјави портпаролот на грчката Влада Гаврил Сакеларидис.

- Реформите ќе ги претставиме најдоцна до понеделник, истакна портпаролот и додаде дека тие нема да вклучуваат мерки, кои ќе го попречуваат растот. 

Според претставници на Владата мерките може да вклучуваат зголемување на возраста за пензионирање и на туристичките такси, јави ДПА. Владата исто така сака да преземе мерки за справување со перењето пари и затајувањето даноци. 

Грчката лева Влада и кредиторите од еврозоната се договорија минатата недела дека Атина треба да претстави листа со реформи.

 

 

Оцени ја веста

24.03.2015 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега