Ограбени три Основни училишта во Скопје

Крадците не запираат, ограбени се три основни училишта. 

Во периодот од 20 до 23. месецов во Скопје на улицата „Ферид Бајрам“ непознат сторител со употреба на погоден алат извршил тешка кражба во Основното Училиште „Панајот Гиновски“ од каде одзел пет мини компјутери. 

Во истиот период во село Ораовиќ, скопско, непознат сторител со употреба на физичка сила извршил тешка кражба во Основното училиште „Емин дураку“ од каде одзел принтер и други предмети, а тешка кражба била извршена и во Основното Училиште „Лирија“ на улицата „Цветан Димов“ каде непознат сторител со употреба на погоден предмет дзел куќиште за компјутер и лап топ, со што причинил материјална штета од околу 20.000 денари. 

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

24.03.2015 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега