Телото на штипјанецот Сашко Коцев во петок ќе биде донесено од Шпанија

Телото на Сашко Коцев, 33-годишен штипјанец, кој на 13 овој месец несреќно го загуби животот во градот Кастело дела Плана, во регионот Валенсија, се очекува да биде транспортирано од Шпанија во Штип во петок, објави „Утрински весник“. Такви најави доаѓаат од локалната самоуправа која организира акција за собирање средства за да се изврши транспортот на покојниот млад штипјанец чие семејство живее во урбаната заедница Ново Село.

За да се изврши транспортот на телото на Коцев се потребни 4.500 евра, a до овој момент се собрани 1.600, а 2.000 евра биле подготвени да дадат блиски роднини на загинатото момче. По 500 евра донираа Општина Штип и Министерството за труд и социјална политика, по 320 евра Здружението на пензионери и една приватна фирма. 

За потсетување, Сашко Коцев со шлепер, кој го возел негов пријател заминал за Шпанија, каде што работела неговата сестра. Камионот застанал на паркинг во близина на градот Кастело дела Плана, а Коцев излегол, но бил зад шлеперот на место од каде што возачот не можел да го види во ретровизорот, па движејќи се наназад бил прегазен.

 

 

Оцени ја веста

24.03.2015 - 16:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега