Службеници на УЈП нападнати во Штип

Даночни службеници од Регионалната дирекција Штип при извршување на службените должности биле вербално нападнати од даночен обврзник.

 

Како што информираат од УЈП, обврзникот кој заради неплатена радиодифузна такса согласно Законските процедури добил решение за присилна наплата, ги нападнал вработените и употребил сила при што скршил врата од канцеларија во Регионалната дирекција Штип. Случајот е пријавен во СВР Штип.

Во врска со Радиодифузна такса ова не е прв инцидент, во 2013-та година беше нападнат даночена службеничка во Даночно одделение Куманово.

Иако ваквите инциденти се исклучоци, Управата за јавни приходи изразува згрозеност од бруталноста и навредите кои се употребуваат кон даночниците, а посебно кога се доведува во прашање безбедноста и здравјето на вработените при вршење на професионални должности.

 

 

 

Оцени ја веста

24.03.2015 - 20:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега