ВИДЕО: Нов спектакуларен говор на Шешељ - Радикалите ги запалија знамињата на НАТО, ЕУ, и Косово

Околу 200 симпатизер на Српската радикална партија со вообичаена иконографија се собраа пред зградата на Генералштабот за да ја одбележат годишнината од почетокот на НАТО бомбардирањето врз Србија. Тие го запалија знамето на НАТО, Европската Унија, САД и Косово, а потоа, го блокираа сообраќајот, се упатија кон СОбранието на Србија. 
Обратувајќи се, за време на „маршот“ пред собраните кај Генералштабот, лидерот на радикалите Воислав Шешељ изјави дека Србија никогаш не смее да стане членка на НАТО ниту на ЕУ, иако „издајничкиот режим (премиерот на Србија) Александар Вучиќ работи на тоа“.

„Сакавме само симболично со овој собирл да го одбележуме почетокот на агресијата, а режимот овој собир го забрани. Режимот на Вучиќ е како безабна вештерка. Сака да не изде но нема заби. Затоа денеска нема полицајци, а бевме подготвени да не уапсат и да не истепаат“, изјави Шешељ.

500

500

 

500

 

 

 

Оцени ја веста

24.03.2015 - 20:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега