Нов циклон доаѓа кон Македонија - подгответе се за пороен дожд и грмежи

Под влијание на циклонска активност во Медитеранот до сабота ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд, информира УХМР

Утре и во петок пообилни врнежи ќе има на повеќе места, а локално ќе бидат и со пороен карактер, проследени со грмежи.  Во овие два дена се очекува на места да наврнат и над 30 л/м2.

Ќе дува умерен, повремено и засилен југоисточен ветер.  

Времето денес претежно облачно со врнежи од дожд. Пообилн врнежи ќе има во западните делови, каде локално се очекува да наврнат околу 20 л/м2, особено претпладне. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер.

Највисоката дневна температурата ќе биде во интервал од 6 до 11 степени.

Европската метеослужба издаде предупредување од жолта фаза за најголемиот дел од Македонија за денешниот ден.

Слично ќе биде и утре.

 

 

Оцени ја веста

25.03.2015 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега