Штипјанец дивеел во УЈП

Во текот на вчерашниот ден во 16 часот штипјанец влегол во просториите на УЈП и направил хаос. Според податоците од полицијата, додека вработената Ј.Ч.(31) била на работното место, во нејзината канцеларија влегол штипјанец со цел да бара објаснување зошто му била блокирана сметката во банка. Клиентот бил упатен да појде во Одделението за присилна наплата при УЈП, на што истиот почнал да вика и да упатува закани кон неа, по што продолжил да се расправа и со други вработени кои биле присутни, а на излегување насилно ја затворил вратата, а потоа со нога однадвор неколку пати удрил по неа причинувајки видливи оштетувања.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.

 

 

Оцени ја веста

25.03.2015 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега