Филмска бркотница и пукање во Струмица

40-годишниот А.М. од Струмица си заработи кривична за напад врз службено лице. На седми месецов во атарот на „Авлак“ бил запрен со своето возило од страна на полициски службеници од полициската станица за „Богородица“, но тој не ја послушал наредбата, туку го стартувал возилото кон полицискиот службеник, поради што истиот испукал неколку предупредувачки куршуми. По ова, струмичанецот продолжил да се движи со возилото во правец кон селото Смоквица каде бил сопрен и приведен.

 

 

Оцени ја веста

25.03.2015 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега