Почна спојувањето на Албанија и Косово!

Во Тирана под мотото „Една земја, еден народ, еден сон“ е одржана втората по ред заедничка седница на Владите на Албанија и Косово, а премиерите Иса Мусафа и Еди Рама потпишаа договор за соработка во разни области.

Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека денешниот договор опфаќа сегметни од безбедноста, културата, и земјоделството.

Тој ветил дека за време на летот косовски Албанци нема да чекаат во ред на граничните премини со Албанија, веќе тоа ќе биде формална контрола нешто како налик на ЕУ граница.

Рама најави и отворање на заеднички конзул во Милано.

Иса Мусафа изјави дека ќе почне со решавање на проблемите кои ги окупираат граѓаните на двете земји.

„Денеска потпишавме пет договори, четири меморандуми, два протоколи и една заедничка изјава. Го цениме посебно договорот во областа за безбедност и внатрешни работи“, изјави Рама.

По заедничката седница, владата на Албанија и Косово, министрите потпишаа вкупно 11 договори. Прв ваков состанок е одржан во Призрен на 11 јануари 2014 година.

 

 

 

Оцени ја веста

25.03.2015 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега