Град Скопје дел од акцијата „Часот на планетата Земја“

Град Скопје ќе се вклучи во светската волонтерска акција „Часот на планетата Земја“, преку која со симболично исклучување на светилките еден час, во сабота ќе испрати порака за спас на планетата.

Едно часовно исклучување на уличните светилки во Скопје ќе има на улицата „Македонија“, плоштадите „Македонија“ и „Филип Втори“, како и на илуминациите на палатата „Пелистер“, Ристиќевата палата, Камениот мост, Скопската тврдина, мостот „Око“, Мостот на уметноста, Археолошкиот музеј и Музејот на македонската борба за самостојност.

Годинашната кампања се одвива под мотото „Вклучи се во акцијата – исклучи ги светилките“. Во акцијата ќе учествуваат 162 земји од светот, кои во 20:30 часот по локално време ќе ги исклучат светилките во над 8.000 градови.

- Во кампањата македонските познати личности ги повикуваат граѓаните да ја употребат својата моќ и да ги исклучат светилките во период од еден час и со тоа да дадат придонес за спас на планетата Земја, вели организаторот на акцијата во Македонија Ѓорги Селков.

Поддршка на кампањата ќе и дадат познати личности од Македонија, меѓу кои Даниел Кајмакоски, Снеже Велков, Татјана Алексиќ, Атанас и Тино,... Организатори на акцијата се Градот Скопје, Здружението за заштита на животната средина „Часот на планетата Земја 60+“, Црвениот крст, Министерството за животна средина и просторно планирање, ЕВН и Агенцијата за енергетика на Република Македонија. 

 

 

Оцени ја веста

25.03.2015 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега