Само Србите можат да донесат мир на Балканот - но низ историјата често биле сотрени од предавниците

Лидерот на Слободарската партија на Австрија (FPO) Хајнц-Кристијан Штрах смета дека австриската влада со признавањето на едностраната независност на Косово направила драстична грешка, спротивна на Резолуцијата на ОН,штитејќи го очигледно американскиот интерес. 
„Навистина е срамота тоа што се случи на Косоо и Метохија, каде беа разуранити повеќе од 150 храмови, православни манастири, пред очите на меѓународната заедница, каде свештеници, монаси беа киднапирани и убивани“, изјавил Штрах.

Тој додава дека не разбира поради што не постои право на самоопределување на народот во Република Српска, и зошто денеска на Косово и Метохија не им е допуштено на Србите на право на свои автономни делови и статус на автономија.

 

„Се разбира дека српското малцинство кое е на Косово и Метохија треба да им се дозволи статус на автономија, и тоа треба да се реши однапред, преку меѓународното право. Затоа не е дојдено до долгорочен мир, туку повторно се создава конфликт во тој регион“, вели највлијателниот опозициски политичар.

Toj оштро ја искритикува американската надворешна политика, нејзините интервенции во светот особено во Ирак, Авганистан и Сирија, каде што зад лозинката „Слобода и демократија“ остави тотален хаос. САД го замерува и партнерството со Саудиска Арабија, Катар, и Турција, кое очигледно ги поддржуваат припадниците на исламската држава.

Тој изјави дека во 1999 година бил шокиран од бомбардирањето на НАТО на Србија, и дека никој не успеал да најде дипломатски начин да го реши проблемот, туку како што истакнал бомбардирале една суверена земја.

На прашањето кој политичар на него оставил посебен впечаток, тој објаснил дека не е лесно да одвои, но актуелниот претседател на Србија Томислав Николиќ остварил, доста позитивен впечаток на него.

За Србите вели дека тие се еден патриотски, горд народ кој низ православната црква го сочувал својот идентитет и култура.

„Тој е горд, вреден народ, но гледајќи низ историјата, народот често бил изневеруван. Србите често сваќале дека биле оставени, и дека биле издадени. Србите се најброен народ на Балканот и ако сакаме долгорочен мир на овој простор се разбира треба да го направиме со Србите, и дека тие мораат да се вклучат за да дојде до долгорочен мир.

 

 

 

Оцени ја веста

25.03.2015 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега