ЦЕНЗУРА: Алсат М ја забрани емисијата на Васко Ефтов

Емисијата на Васко Ефтов Во Центар е тргната од програмата на телевизијата Алсат. Информацијата денеска на својот профил ја објави главниот уредник на телевизијата Мухамед Зекири. 

 -Колку за информација, емисијата „Во Центар“ со автор на кој од хигиенски причини не сакам да му го споменам името повеќе нема да се емитува на Алсат М. Евисијата и до сега беше надворешен проект и не беше во продукција на Алсат М и никогаш не беше подржана со уредувачката политика на ТВ Алсат М, напиша Зекири на Facebook.

Мухамед Зекири е главен фаворит на СДСМ и СОРОС за нов директор на МРТВ. Цензурата доаѓа во време кога Васко Ефтов во повеќе наврати јавно ја критикуваше позицијата на СДСМ и начинот на кој Заев се обидува да дојде на власт. 

 

 

Оцени ја веста

25.03.2015 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега