Голем интерес кај туристите од Бенелукс за летување во Македонија

Интересот кај туристите од земјите на Бенелукс за летување во Македонија расте. Според податоците за закупени аранжмани што во својата понуда ги имаат „Корендон“ и „ТУИ Аркетравел“- двата тур-оператори што ја нудат Македонија како летна дестинација, продажбата на аранжманите бележи пораст за некаде до 30 проценти, споредено со истиот период ланската година, пренесува МИА.

Како што соопшти Асим Меѓедовиќ, извршниот директор на „Фибула Ер-травел“- македонскиот партнер на „Корендон“, за престојната летна туристичка сезона засега е предвидено тур-операторот да оперира со три чартер-лета седмично.

 

Со по три летови стартно ќе оперира и тур-операторот „ТУИ Аркетравел“, со тоа што за во шпицот на сезоната стои отворена можност за воведување и на четврти летови на двата тур-оператори доколку се задржи високиот интерес на туристите од тој дел на Европа за летување во Македонија.

Првата група туристи од Бенелукс треба да пристигнат на охридскиот аеродром во првата седмица на мај, додека последната група гости ќе замине од Македонија некаде кон средината на октомври.

 

Проценките на „Корендон“ и на „ТУИ“ врз основа на сегашниот интерес за македонската туристичка понуда се дека во текот на летната сезона 2015 на Охридската ривиера и во Македонија ќе летуваат некаде околу 25 илјади туристи од Холандија, Белгија и Луксембург.

 

 

Оцени ја веста

25.03.2015 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега