Важна вест за велешани: Забрана за пиење на водата од природните чешми

Водата за пиење од природните чешми на територијата на населените места во Општина Велес и градот е со непостојан квалитет и затоа не е погодна за пиење, а што е во  согласност со  прописите за безбедност на водата.
 
Сашка Филипова портпарол на Општина Велес, информира дека само водата од градскиот водоснабдителен систем и природната чешма во Башино Село се со квалитетна и здравствено безбедна вода за пиење.
 
- Во услови кога во непосредна близина на Општина Велес е прогласена епидемија од болеста туларемија, ви препорачуваме да ја користите само безбедната вода за пиење, потенцира Филипова.
 
Општина Велес апелита до граѓаните за почитување на забраната, а  заради заштита на нивното здравје и сигурност.
 

 

Оцени ја веста

25.03.2015 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега