Попоски и Јанакиески на конференија со Јоханес Хан

Во Приштина,  министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески учествуваа на Министерската конференција на Западен Балкан "Подобра поврзаност, силна и клучна транспортна мрежа". 

На Конференцијата присуствувашe и комесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, a се обрати и комесарката за транспорт  Виолета Булц.

Денешниот состанок се организира како дел од Берлинскиот процес, а во пресрет на состаноците во Рига и Виена , во мај и јуни оваа година.

На Конференцијата се остварија дискусии во однос на предложената методологија на Европската комисија за определување на приоритетни транспортни коридори и се разменија мислења за предлозите за усогласување на клучната транспортна мрежа во земјите од Западен Балкан.

Поврзувањетo на земјите од регионот ќе доведе до зголемување на инвестициите, но и зајакнување на врските меѓу луѓето преку границитe и рушење на предрасудите.

Во своето обраќање министерот Попоски истакна:

„Бидејќи ЕУ е политичка унија, треба да се применат политички критериуми за поврзувањето на регионот. Инфраструктурата не служи само за транспорт на стоки и луѓе, туку и за интегрирање на Балканот во Европскиот проект."

На овој состанок е договорено следниот состанок во регионален формат да се одрзи во Македонија. До тогаш ќе биде потребно да се договорат клучните проекти.

 

 

Оцени ја веста

25.03.2015 - 14:40
Фото: 
курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега