Молк од Заев и СДСМ за аферата „Грчка хациенда“

СДСМ и Зоран Заев трет ден молчат за аферата „Грчка хациенда“, лускузна куќа која Заеви ја поседуваат во првата линија во елитното туристичко место Неа Мудања во Грција. Нема одговор како Заеви стигнаа до хациендата на три ката до самиот брег на Егејското Море?

Со што Заеви ја заслужија оваа хациенда сè уште не е познато. Без одговор останува и прашањето зошто Заеви за лускузната трикатна куќа платилe неколкукратно пониска цена од пазарната. Нема одговор ниту дали некој друг ја платил таа разлика и која е целта.

Огласите на агенциите за недвижности велат дека таква куќа чини најмалку три до четири пати повеќе од сумата од 110.000 евра која ја платиле Заеви. Пребарувањето по огласите за недвижности откриваат дека околните куќи во елитното место крај Егејското Море достигнуваат цени кои се неколкукратно повисоки, од 350.000, 400.000 евра, а има и такви чија продажба цена достигнува и до 800.000 евра.

Заев повторно излажа и сè најде во тесно пред јавноста откако во интервју за една балканска телевизија истакна сè што имал се наоѓало во Македонија. Заплеткан повторно во своите лаги тој и партијата која ја предводи молчат за оваа афера.

 -Јас сè што имам е во државава. Сè што имам. Тука сум роден. Роднина немам надвор од државата. Сè што имам, тука е, рече Заев во интервју за Ал Џезира.

Веќе е сè поочигледно дека Заев не престанува да лаже и да ја манипулира јавноста, но останува нејасно дали има уште вакви состојби кои на јавноста не и се познати.

 

 

Оцени ја веста

25.03.2015 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега