Вардар против Мешков Брест во полуфиналето на СЕХА лигата

Екипата на Мешков Брест ќе биде противник на Вардар во полуфиналето на регионалната ракометна СЕХА лига.
 
Белорускиот тим Мешков Брест го совлада хрватскиот составот на Нексе со 28:24 во првиот четвртфинален меч на завршниот турнир во СЕХА лигата, кој се одржува во унгарскиот град Веспрем.
 
Мешков Брест е еден од трите тима кои го победија македонскиот вицепрвак во регуларниот дел од сезоната. Средбата Вардар – Мешков Брест ќе се игра в петок од 17 часот и 45 минути. 
 
Во вториот полуфинален, меч домаќинот и организатор на завршницата, унгарски Веспрем ќе игра со подобриот од вториот четвртфинален меч кој ќе се игра вечерва (20:15 часот) меѓи ППД Загреб - Татран Прешов.
 

 

Оцени ја веста

25.03.2015 - 19:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега