Сања била врзана и мачена - која е менаџерката која брутално беше убиена?

Фудбалската менаџерка од Хрватска, 39-годишната Сања Хап од Осијек, брутално е убиена во понеделникот во Загреб, а како што пренесе „Јутарњи лист“, нејзиниот пријател, а подоцна и полицијата, затекнале страшна глетка. Хап имала шест рани од убоди од нож, а рацете и нозете и биле врзани. Полицијата и форензичарите дури 17 часа вршеле темелен увид, за да се пронајдат докази кои би довеле до сторителите на бруталниот злочин, јавуваат хрватските медиуми.
 
Инаку, Сања Хап е поранешна атлетичарка која своевремено го држела хрватскиот рекорд на 400 метри со пречки. Вниманието на хрватската јавност го привлекла како менаџерка на фудбалерот Срѓан Лакиќ, кој играч во Херта, Кајзерслаутерн, Волфрсбург, Хофенхајм и Ајнтрахт, а во хрватското првенство соработувала со дваесетина фудбалери.
 

 

Оцени ја веста

25.03.2015 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега