Вардар отпатува за Веспрем без Абутовиќ, Брумен и Дибиров

Ракометарите на Вардар утринава отпатуваа за Веспрем на полуфиналниот натпревар од Ф4 завршницата на СЕХА лигата, но на списокот на патници ги нема Илија Абутовиќ, Матјаж Брумен и Тимур Дибиров.

Левото крило Тимур Дибиров има пукнати мускулни влакна на ногата, Матјаж Брумен пред последниот тренинг во Скопје се пожалил на висока температура, а Илија Абутовиќ има се уште повреда што не е целосно залечена.

- Со, цел да не се ризикува, и да им се остави доволно време за санирање на повредите, решено е тие тројца да останат во Скопје и тука да се подготвуваат и да примаат соодветна терапија. И покрај отсуството на тројца стандардни ракометари во составот на Вардар, во нашиот табор се подготвени да одиграам максимално борбено и мотивирано, како и на сите досегашни натпревари. Тимот отпатува за Загреб од каде потоа ќе продолжи за Веспрем и ќе им се приклучи на Мешков, ППД Загреб и на Веспрем, годинешните полуфиналисти. , соопштија „црвено-црните“ на својата веб страна.

Денеска Вардар треба да имаат и тренинг во салата во која ќе го играат полуфиналниот натпревар со Мешков.

Полуфиналниот натпревар од Ф4 завршницата на СЕХА лигата меѓу Вардар и Мешков ќе се игра во петок во 17:45 часот.

Во второто полуфинале ќе играат ППД Загреб и Веспрем.

 

 

Оцени ја веста

26.03.2015 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега