Министерството за образование доделува стипендии - за што се работи?

Министерството за образование и наука информира дека е во тек конкурс за доделување стипендии за едногодишни постдипломски студии од втор и трет циклус на јавните високообразовни установи во Франција, за академската 2015/2016 година.

Стипендиите се наменети за македонските граѓани, а ги обезбедува Владата на Франција. Предност имаат кандидатите што ќе се запишат на студии кои се дефицитарни или не постојат во Република Македонија.

Пријавувањето трае до 30 април 2015 година, а повеќе информации за условите, критериумите, потребните документи и обрасци за аплицирање се достапни на интернет-порталот за стипендии на Министерството за образование и наука www.stipendii.mon.gov.mk, како и во Одделот на КампусФранс при Францускиот институт во Скопје.

 

 

Оцени ја веста

27.03.2015 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега