Најдобрите ученици на Државен натпревар по информатика

Во организација на Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), и Агенцијата за млади и спорт на РМ (АМС), утре во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје ќе се одржи 26. Државен натпревар по информатика за учениците од средните и основните училишта во Македонија, пренсе МИА.

Настанот ќе го отворат претседателот на ЗИМ Миле Јованов и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески. 

На натпреварот, кој е дел од Проектот „Најдобар млад програмер“, ќе учествуваат најдобрите 95 ученици од основното и средното образование, избрани од учесниците на одржаниот регионален натпревар. 

Свеченото отворање на настанот ќе се одржи во амфитеатарот на Технолошко - металуршкиот факултет, со почеток од 10 часот, објави МИА. 

Програмата на Државниот натпревар по информатика 2015  е објавена на веб страната на ЗИМ.

 

 

Оцени ја веста

27.03.2015 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега