Вардар против Мешков Брест по ново финале во СЕХА лигата

Ракометарите на Вардар ќе се обидат да се пласираат во уште едно (вкупно четврто) финале во СЕХА лигата. Актуелниот шампион на ова натпреварување попладнево во Веспрем во првото полуфинале на завршниот турнир ќе игра против Мешков Брест од Белорусија. Воедно ова е реприза на ланското финале од Нови Сад.
 
Вардар во Веспрем ќе настапи без тројца играчи од првиот состав Тимур Дибиров, Матјаж Брумен и Илија Абутовиќ, кои здравствени причини не можат да играат. На вчерашната прес-конференција капитенот Филип Лазаров истакна дека иако „црвено-црните“ имаат тежок ривал ќе се обидат да се пласираат во уште финале, каде би играле со победникот од дуелот Веспрем – Загреб.
 
Натпреварот Вардар – Мешков Брест почнува во 17:45 часот, додека дуелот меѓу Веспрем и Загреб ќе стартува во 20:15 часот. Победниците од полуфиналните дуели во недела ќе играат во финалето, а поразените во дуелот за третото место.
 
На досегашните три шампионати во СЕХА лигата Вардар победничкиот пехар го освои двапати (2012 и 2014 година), а еднаш најдобар беше Загреб (2013).
 

 

Оцени ја веста

27.03.2015 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега