Верушевски на распит во обвинителството

Првоосомничениот во аферата "Пуч" попладнево беше на распид во јавното обвинителство за организиран криминал. Според информации на Пресс24 тој кај обвинителите се задржал повеќе од еден час и му биле предочени дел од доказите до кои дошла истрагата. Непознато е дали Верушевски овој пат дал исказ и своја одбрана.

Ова не е прв пат тој од истражниот затвор во Шутка да биде пренесен во Јавното обвинителство, но според досегашните сознанија тој до денеска не дал одговор на обвинувањето. Предходно на распид беа повикани и останатите осомничени меѓу кои е и лидерот на СДСМ Зоран Заев. 

Зоран Верушевски го напушти обвинителството во 19 часот. 

 

 

Оцени ја веста

27.03.2015 - 19:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега