Се запали рибарски брод на Крит - 8 лица се повредени

Осуммина илегални имигранти се повредени денеска при пожар на еден рибарски брод во близина на грчкиот остров Крит кој илегално влегол во земјата.

Откако бел забележан од патролен чамец на Крајбрежната стража, капетанот се обидел да избега подметнувајќи пожар во машинското одделение на пловилото.

Пожарот набрзо го зафатил целиот брод, при што илегалните имигратни кои биле сокриени на него, скокнале во морските води.

На бродот имало 23 илегални имгранти, од кои осуммина се здобиле со изгореници и се пренесени во болница во градот Ираклион. 

ФОТО: Сител 

најчитано сега