СДСМ против референдум во Центар - виси позицијата на Жерновски на Бихаќка

Социјалдемократите, особено крилото блиско до Радмила Шеќеринска остро се спротивставило на идејата на Жерновски да организира референдум во општина Центар за изгледот на Градскиот трговски центар во Скопје. Партиски извор за Press24 велат дека на последниот состанок на највисокото партиско тело, по налог на потпретседателот Дамјан Манчевски и заменичката на Заев, Радмила Шеќеринска, Сања Лукаревска го отворила прашањето на референдумот. Таа одела со тезата дека е погрешно да се оди на референдум а во исто време да се тврди дека избирачкиот список е непрочистен. Сепак, нашиот висок извор во СДСМ вели дека дискусијата која ја отворила Лукаревска била со цел да се минира референдумот на Жерновски бидејќи екс-претседателот на ЛДП добивал политички поени од теренската работа на СДСМ. Имено, за позицијата градоначалник во Центар сериозно заинтересиран е Дамјан Манчевски кој е продолжена рака во партијата на Радмила Шеќеринска. Тој веќе и се гледал себе си како иден прв човек на општината, па затоа, активностите кои на Жерновски би можеле да му го подигнат рејтингот за Манчевски и Шеќеринска биле неприфатливи.
Заев најавил дека ќе има средба со Жерновски на која ќе ги дискутира овие прашања.
Андреј Жерновски во последните неколку месеци има сериозни проблеми и во коалицијата на СДСМ но и во својата партија каде го загуби претседателското место. Како што веќе објави Press24 тој комплетно ја загуби поддршката во својата ЛДП, па затоа, се реши да се повлече од трката за нов мандат и претседателската позиција да му ја отстапи на Горан Милевски. Истовремено, Генералниот секретар на ЛДП, како што тогаш објавија медиумите влезе во физичка пресметка со вработени во општина Центар кои беа блиски до Жерновски поради тоа што работеле повеќе во корист на СДСМ отколку на неговата партија.
 Од друга страна, во СДСМ Жерновски има сериозна конкуренција во Дамјан Манчевски и Радмила Шеќринска кои постојано ја минираат неговата работа како градоначалник. Иако Жерновски е на чекор пред преминување во СДСМ, Манчевски и Шеќеринска прават се тој да биде маргинализиран и на следните локални избори на негово место да дојде кадар на СДСМ односно Манчевски.
Токму затоа, Шеќеринска заедно со Манчевски и сопственото крило во СДСМ се противи на идејата за референдум за ГТЦ.

 

 

Оцени ја веста

29.03.2015 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега