Седници на три собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за одбрана и безбедност, за економски прашања и Законодавно-правната комисија.
Единствена точка на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог - одлуката за испраќање припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на Обединетите Нации, УНИФИЛ во Либан, додека Комисијата за економски прашања ќе расправа за Предлог-законот за дополнување на Законот за техничка инспекција и за измените и дополнувањата на Законот за Државен пазарен инспекторат, двата во второ читање.
На дневен ред на Законодавно - правната комисија се измените и дополнувањата на Законот за лична карта и на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, како и Предлог-законот за дополнување на Законот за техничка инспекција, сите во второ читање.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа