Охриѓанец продавал гробови па парите си ги ставал во џеб

Охридската полиција поднесе кривична пријава против 46-годишниот Н.С. од Охрид, службеник во охридското Јавно Претпријатие „Градски гробишта“ каде во периодот од ноември 2011 до јануари 2013 година како надлежен за доделување и наплата на гробни места, измамил 13 граѓани кои сакале да купат гробни места.

Охриѓанецот свесно си присвоил пари доверени во службата од наплата на гробни места од тринаесет граѓани во вкупен износ од 352.153 денари. На сите тринaесет лица кои купиле гробни места пријавениот Н.С. им изготвувал писмени договори за купување, а примероците кои им ги издавал на странките, ги заверил со лажни потписи во делот кој се заверува со потпис од страна на директорот на јавното претпријатие. За да не бидат откриени фалсификатите, примероците од спорните договори што требало да бидат предадени во службите на јавното претпријатие, биле уништени и ги нема ниту во сметководство на ова претпријатие, ниту во архивата од договорите. Потоа, примил пари во готово и со свој ракопис составил писмена потврда која заедно со примените пари никогаш не ги предал во службата. Парите за наведеното гробно место ги присвојувал и врз основа на лажна изјава вршел промена на податоците во комјутерскиот систем, го бришел старателот-сопственикот на конкретното гробно место и на негово место внесувал други лица-сопственици, јави МИА.

 

 

Оцени ја веста

30.03.2015 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега