Британија е за мерките за доверба меѓу Атина и Скопје се додека не влијаат врз разговорите за името

Слушаме со голем интерес дека новата грчка Влада е заинтересирана за промовирање на мерки за градење доверба со Македонија и Турција. Ова го изјави британскиот амбасадор во Атина Џон Китмер во интервју за „Катимерини“, додавајќи дека е „многу позитивно“ тоа што шефовите на македонската и грчката дипломатија, Попоски и Коѕиас, разговарале за усвојување на мерките за градење доверба, „се додека тоа не предизвика одложување на расправата за суштината, а тоа е името“.

- Грчката Влада вели дека Грција е стабилна земја во нестабилен регион. Сепак, се уште има билатерални проблеми со соседот, истакна Китмер.

Според него, прашањето е што сака Грција да направи со отворените билатерални прашања, чие решавање ќе и помогне на Атина да „прерасне во оаза на стабилноста“.

 

 

Оцени ја веста

30.03.2015 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега