Двајца скопјани викендов ги снајде тешка судбина

Крадците дефинитивно не запираат со својата работа. Викендов се регистрирани две тешки кражби на подрачјето на Скопје.

Во првиот случај, пред два дена во периодот од 20 часот и 30 минути до 23 часот и 10 минути, на улицата „Кримска“, засега непознат сторител преку балконска врата влегол во куќата на Ј.Ф. и одзел 500 евра и златен накит, со што се стекнал со 300.000 денари. 

Во вториот случај, истиот ден во периодот од 16 до 21 часот, на улицата „Народен Фронт“,  крадец исто така со прекачување од балконската врата влегол во станот на 42-годишниот скопјанец Ѓ.Ц. при што извршил тешка кражба одземајќи два лап топ компјутери и разновиден златен накит, со што се стекнал со 300.000 денари

 

 

Оцени ја веста

30.03.2015 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега